Македонија, или официјално Република Македонија — држава сместена на Балканскиот Полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.
Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 граѓани . Други поголеми градови се: Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Велес, Штип, Охрид, Гостивар,Струмица, Кичео, Кавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители , од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е Македонскиот јазик, додека официјална валута е Македонскиот денар.
WOW!!! Super ti ispadnalo! :)
ReplyDeleteMnogu mi se dopaga i se nadevam deka vo idnina ke
izrabotis mnogu podobro!!!