Monday, April 18, 2016

Занимливости во Прилеп

Прилеп  град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М-5. Има 73.925 жители и површина од 1.675 км². Се наоѓа на 128 км од главниот град Скопје.
Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.Во Прилеп се наоѓа таканаречениот парк на непобедените и уште многу други значајни знаменитости.

Саат-кулата во Прилеп


No comments:

Post a Comment