Monday, April 18, 2016

Занимливости во Прилеп

Прилеп  град во Македонија, сместен во северниот дел на Пелагониската Котлина, во јужниот дел на Република Македонија, до него се стасува преку магистралниот пат М-5. Има 73.925 жители и површина од 1.675 км². Се наоѓа на 128 км од главниот град Скопје.
Прилеп е познат како „градот под Марковите Кули“ поради неговата близина до кулите на легендарниот херој Крали Марко (во Прилеп нарекуван Крале Марко).Градот е одликуван со орден на народен херој на Југославија на 7 мај 1975 и е еден од осумте одликувани града во СФР Југославија со овој орден. Покрај тоа носители на овој орден се уште 14 лица кои потекнуваат од Прилеп и Прилепско.Прилеп е седиште на истоимената Општина Прилеп.Во Прилеп се наоѓа таканаречениот парк на непобедените и уште многу други значајни знаменитости.

Саат-кулата во Прилеп


Wednesday, April 13, 2016

Македонија, или официјално Република Македонија — држава сместена на Балканскиот Полуостров. Земјата е една од наследничките држави на поранешната Југославија, од која прогласи независност во 1991 година. Република Македонија зафаќа околу 38% од вкупната површина на регионот Македонија. Географски земјата граничи со Србија (и Косово) на север, Бугарија на исток, Грција на југ и Албанија на запад. Релјефот на државата е главно планински. Иако континентална држава, таа има повеќе од 50 езера и шеснаесет планини повисоки од 2.000 метри.
Македонија е суверена, самостојна, демократска и социјална држава. Главен град на државата е Скопје со население од 506.926 граѓани . Други поголеми градови се: БитолаКумановоПрилепТетовоВелесШтипОхридГостивар,СтрумицаКичеоКавадарци и Кочани. Македонија има вкупно 25.713 километри квадратни во кои живеат околу 2.114.550 жители , од кои мнозинството се Македонци. Официјален јазик е Македонскиот јазик, додека официјална валута е Македонскиот денар.